6 мај 2018, Скопје – Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска се сретна со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти, кој е во посета на Северна Македонија во рамки на регионалната посета на Западен Балкан, пред Годишното собрание на ЕБОР што ќе се одржи од 7-9 мај во Сараево, Босна и Херцеговина.

Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти високо ги оцени досегашните политики на Владата за преземените реформи, истакнувајќи дека договорот со Грција е исклучителен исчекор, што претставува одлична можност за посветување на останатите економски процеси и инвестициски можности важни за граѓаните на Северна Македонија како и на регионот, воопшто.

Претставниците на ЕБОР ја истакнаа посветеноста на Банката за продолжување и интензивирање на можностите за соработка со Владата на Република Северна Македонија, во областа на енергетиката, производството на електрична енергија од обновливи извори и процесот на гасификацијата, како и за развој на патната и железничката инфраструктурата, за поддршка на приватниот сектор, како и за поддршка во подобрувањето на услугите на локално ниво.

Премиерот Заев се заблагодари за континуираната поддршка на Европската банка за обнова и развој, оценувајќи дека Владата останува посветена на политичкиот дијалог со опозицијата и одличната соработка со соседите, со единствена цел да ги оствари евроатлантските интеграции, што ќе доведе до стабилност, подобрување на условите за работа на домашните компании и привлекување странски инвестиции, што ќе резултира со подобрување на економската положба на граѓаните.

Во рамките на посетата на Владата на РСМ, претседателот на ЕБОР, Чакрабарти оствари средба и со заменикот на претседателот на Владата Кочо Анѓушев задолжен за економски прашања, на која разговараа за динамиката на остварување на стратешките капитални проекти во енергетиката, патната и железничката инфраструктура.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.