20 јули 2017, Скопје – Mинистерот за финансии д-р Драган Тевдовски оствари средба со неговата екселенција, амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Ориан.
На средбата се зборуваше за соработка во областа на иновациите, поддршката и развојот на малите и средни претпријатија, како и за зголемување на соработката во областа на земјоделството и образованието.
Двете страни ги потврдија пријателските врски помеѓу Македонија и Израел и истакнаа дека и понатаму ќе работат на негување на тој однос.