26 јули 2017, Скопје – Остварена е средба помеѓу министерот за финансии на Р.М. и Линда Ван Гелдер, новиот регионален директор на Светска Банка за Западен Балкан. На состанокот беа присутни и други претставници од Министерството и Светска Банка.
Целите на состанокот беа запознавање на регионалниот директор за Западен Балкан и МФ на Р. Македонија, како и разговор за проектите за кои има соработка помеѓу овие институции.
Особено внимание се посвети на проектот поврзан со решавање на проблемот со доспеаните, а неплатени обврски, кој министерот го најави на прес конференцијата посветена на оваа тема.
Секако стана збор и за можностите за наоѓање на најповолни извори за финансирање на земјата.
Во иднина отворени се повеќе можности за соработка помеѓу институциите, како и размена на искуства и практики за што поголемо подобрување на економијата.