Скопје, 13 декември 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во текот на денешната амандаманска расправа за буџетот повторно апелира опозицијата да не го опструира донесувањето на буџетот и задолжувањето кај Светска банка, укажувајќи дека договорените заеми се со исклучително поволни услови и оти во спротивно Макеоднија ќе има штета од 84 милиони евра.

 

Укажа дека преговорите со Светска банка траеле три-четири месеци и оти тоа не е нешто што се случило преку ноќ. Тие финансии се договорани со цел да се поддржат реформите во Република Македонија и се одобрени од СБ врз основа на анализи на сите економски преформанси на Македонија како и резултатите во минатото и проекциите за во иднината, рече Ставрески на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

 

Првиот заем од 50 милиони американски долари, појасни, е со камата од само 0,6 проценти. СДСМ вели дека не треба да се дозволи да се користат тие средства. Во време кога финансиските пазари се прилично лоши, кога Европа е во криза и кога сите земји настојуваат да обебзедат финансиски средства, ние ги добиваме со 0,6 проценти тие 50 милиони долари. Вториот заем од СБ, којшто е практично од деловни банки, но со гаранција од СБ, ни ги даваат заради добрите перформанси и заради тоа што сме дисциплинарани и во делот на буџетската политика и фискалниот дефицит, но и во делот на долгот и колку вие да се трудите тоа да го негирате не можете да го смените мислењето на меѓународните институции, рече Ставрески додавајќи дека СДСМ не успеале да се разберат ниту со Светската банка ниту со Меѓународниот моентарен фонд.

 

Замислете, додаде, како изгледаше за една политичка партија да добие таков дециден одговор од меѓународна финансиска институција која професионално и стручно ви кажа дека долгот на РМ е умерен и оти здраво се водат финансиите и буџетската политика е рационална и разумна.

 

– Вториот заем ќе го добиеме со камата пониска од четири проценти.

 

Тој посочи дека ако опозицијата продолжи со опструирање на заемите во Парламентот тогаш ќе мора да се пристапи кон другата алтернатива, односно да се излезе на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзница или со доларска обврзница којашто сигурно носи камата која е два пати и повеќе повисока од просечната камата на средства. Во тој случај ќе и донесете штета на Македонија од точно 84 милиони евра, рече Ставрески

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.