Владата и понатаму ќе остане активна во делот на разгледување и носење на евентуални нови мерки и анализи што може да се направи доколку и натаму има притисок во однос на инфлацијата, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Министерството за финансии.

&nbsp

– Ние остануваме активни и отворени за секакви нови мерки при што во сите ситуации мора да води сметка и за одржливоста на Буџетот и буџтската рамка во која приходите од делот на ДДВ и акцизи се најзначајните. Мерките за заштита на граѓаните и на стопанството во делот на ценовните зголемувања ги носиме сукцесивно зависно од тоа каде е најургентно и колку се можностите да се интервенира, истакна вицепремиерот Ставрески.

&nbsp

Спроведовме, посочи, неколку мерки во делот на интервенцијата со пченицата, интервенцијата во насока  на намалување на царината за некои прехранбени производи и последната  најзначајна мерка со која интервениравме во делот на намалување на акцизите за намалување на цената на бензините и дизел горивата.

&nbsp

Прашан дали се размислува и за намалување на ДДВ-то за горивата, вицепремиерот Ставрски рече дека не може однапред да се прејудуцира, бидејќи цените на нафтата зависат и од политичките случувања во Северна Африка и од општите состојби во светската економија, односно колкава ќе биде побарувачката зависно од степенот  на раст на светската економија.

&nbsp

Владата во средата донесе одлука за намалување на акцизата на безоловниот бензин за четири денари за литар и на дизел горивото за два денара за литар. Истовремено беше намален и надоместокот за задолжителна резерва на нафта за половна денар.

&nbsp

Согласно одлуката на Владата Регулаторната комисија за енергетика од денеска за 5,5 денари по литар ги намали малопродажните цени на бензините, а за 2,5, односно половина денар и на дизел горивата.(МИА)

Comments are closed.

Close Search Window