Владата останува на проекцијата инфлацијата да се движи до три отсто. Воедно гарантира дека Буџетот ќе се реализира во предвидените рамки, без зголемувања на дефицитот. Фискалната политика во координација со монетарната ќе даде голема поддршка за стабилноста на цените.

&nbsp

– Владата ќе стори се што може да го заштити стандардот на граѓаните, покачувањето на цените да се движи во рамки на ниските проектирани вредности до три проценти. Со сите инструменти и Народната банка ќе ја реализираме таа проекција наспроти предизвиците што постојат во делот на светските цени на нафтата и одредени прехранбени производи, рече денеска заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески.

&nbsp

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на проектот „Наводнување на јужна долина на реката Вардар фаза 2“, Ставрески нагласи дека Владата внимателно ги следи случувањата во однос на порастот на цените.

&nbsp

Растот на цените да се движи во проектираните рамки е, како што рече, една од клучните макроекономски претпоставки планирани за годинава.

&nbsp

– Тука има два сета мерки. Фискаланта политика во координација со монетарната да обезбеди дисциплинирана реализација на вкупната агрегатна ликвидност во економијата. Во тој дел улогата на буџетската политика е да се задржи во рамки на предвидените расходи на буџетот за оваа година и нивото на дефицит што е предвидено. Тука ќе бидеме стриктно дисциплинирани независно од фактот што годинава ќе има предвремени избори, нагласи Ставрески.

&nbsp

Вториот тип мерки се подиректните политики што може да помогнат.

&nbsp

– Повлековме два значајни потега, првиот беше намалувањето на царината на некои производи како шеќерот. Очекуваме и приватниот сектор да го даде својот придонес, кога Владата намалува царини, компаниите од привтаниот сектор тоа да не го искористат за сопстевн профит, туку за намалување на малопродажната цена. Вториот е интервенцијата со 45.000 тони пченица од државните резерви која треба да го стабилизира пазарот во делот на цената на лебот и производите од брашно до следната реколта, рече министерот.

&nbsp

Според него, надлежните веќе проверуваат како мелничарите и пекарите ја користат пченицата од државните резерви. Ќе се санкционира секој ако се утврди каква било злоупотреба. Количините не се доделени за правење профит, туку за цената на лебот да остане стабилна и по можност да се намали.

&nbsp

– Контролите се веќе почнати и до крај ќе ги спроведеме. Нема да оставиме никој да се богати на товар на државата и граѓаните. Тоа што државата го дала како мерка, мора да заврши во корист на граѓаните. Ако се злоупотребат доделените количини пченица, ќе се преземат сите законски мерки. Ќе бидеме ригорнозни, без милост кон никого. Таа пченица е наменета за граѓаните да добијат пониска или барем непроменета цена на лебот во овој период кога цената на пченицата во светски рамки расте, потенцира вицепремиерот и министер Ставрески.(МИА)

Comments are closed.