Скопје, 13 ноември 2012 (МИА) – Владата внимателно ќе ги следи странските компании кои работат во Македонија за да не дојде до пренесување на капиталот во нивните матични земји. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакнува дека оваа нова тенденција која е забележана нема да се толерира и оти преку мерки што ги презема централната банка ќе се успее да се спречи оваа појава.

 

– Ќе бидеме многу внимателни да не се прелее македонскиот капитал во која било друга земја, вклучително и Грција. Нема да дозволиме посебно банкарски капитал, односно кредити што грчките фирми во Македонија ги добиваат од банките да бидат извор на средства за позајмици на истите фирми во Грција, изјави министерот одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

 

– Тој потенцира дека мерките што ги презема НБРМ се соодветни на ова и затоа практично Народната банка побара од банките да издвојуваат поголеми резервации за такви пласмани, бидејќи се работи за пласмани за компании кои тие средства потоа ги пренесуваат во држава со низок кредитен рејтинг и од тој аспект треба да се оцени ризичноста на пласманот, бидејќи тоа е поголем ризик за банката и затоа банката за потенцијалните загуби треба да издвои поголеми резервации и тоа ги прави неатрактивни кредитите и на тој начин преку прудентни мерки на централната банка ќе успееме да ја спречиме оваа појава, истакна министерот.

 

Како што додаде Владата ќе биде внимателна и ќе насојува да го следи работењето ако е потребно на тие фирми дали и по други основи има одлив на средства.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.