Скопје, 10 февруари 2015 (МИА) – Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески вчера и денес одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон.
Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија.
– На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија. Лондонската бизнис заедница особен интерес покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната, информира Министерството.