Скопје, 20 март 2016 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вечерашниот отчет за сработеното во изминатите години најави дека во јуни се очекува завршување на делницата Клечовце – Штип од гасоводната мрежа.

 

– Цевките се веќе поставени, така што во јуни очекуваме пробно тестирање на целата делница од Клечовце до Штип. Истовремено, отворени се тендери за трите нови делници. Делницата од Штип до Неготино се очекува да почне со градба во јуни, делницата Скопје Гостивар ќе почне со градба во јули, додека третата делница, којашто очекуваме да започне од септември, е од Неготино преку Прилеп до Битола што значи дека Битола ќе добие гас, рече Ставрески.

Осврнувајќи се на проектот за откуп на дворови, вицепремиерот Ставрески рече дека се работи за еден од најпопуларните проекти кај граѓаните и оти досега се поднесени 302 илјади апликации, од кои 230 илјади се поднесени откога е намалена цената за откуп по 1 евро за метар квадратен. Решени се 180 илјади, а другите се во фаза на решавање.

Comments are closed.