Скопје,29 мај 2013 (МИА) – Порастот на индустриското производство, како и позитивните показатели во трговијата и извозот ги покажуваат првите знаци на заздравување на економијата и веројатност да се оствари предвидениот економски раст годинава, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по вчера објавениот пораст на индустриското производство за април за 4 проценти и верува дека македонската индустрија и стопанството во целина ќе ја поминат годината со позитивни цифри.

 

– Факт е дека веќе трет месец имаме пораст на индустриското производство. Секако е охрабрувачки и покажува дека постои тренд на пораст на индустриското производство иако во Европа случувањата не се толку позитивни и тоа е уште еден дополнителен факт да веруваме дека во втората половина од годината кога се очекува европската економија да се стабилизира дека во Македонија ќе продожи растот на индустриското проиводство и на вкупната економија, изјави Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.

 

Тој најави дека ќе се настојува во натамошниот дел од годината, преку активни политики, преку носење дополнителни средства за малите и средните претпријатија преку поволни кредити и реализација на капиталните инвестиции да го помогнат тој економски раст.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window