Скопје, 19 декември 2012 (МИА) – Извештајот на Светска банка во неколку аспекти ја истакнува Македонија како лидер во регионот и во однос на бизнис климата и условите за водење бизнис, каде што дури се користат и нестандардни зборови дека Република Македонија треба да биде користена како пример од страна на другите земји, истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој посочи дека тоа е комплимент и нешто на што треба да бидеме заеднички горди, бидејќи, како што рече, е реализација на една посеопфатна пет шест годишна програма за реформи и подобрување на бизнис амбиентот.

– Вториот дел во кој што исто така истакнуваат дека Република Македонија е една од двете земји во Југоисточна Европа која што има умерено ниво на задолженост и здрави фискални политики исто така е позитивен и е на некој начин и одговор на дилемите во земјава во однос на позициите на Владата и опозицијата во однос на здравите фискални политики и нивото на задолженост, рече Ставрески.

Верувам, додаде вицепремиерот и министер за финансии, дека сега со повторната потврда од страна на Светската банка дека Македонија е умерено задолжена земја дека води здрави фискални политики, опозицијата ќе го прифати тоа како став бидејќи тоа е конечно мислење на релевантни меѓународни институции.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.