Кавадарци, 31 март 2016 (МИА) – Растот на индустриското производство од 15,2 отсто во февруари, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, е добар резултат и одличен старт што создава очекувања и надеж дека вкупниот раст на економијата годинава ќе биде добар.

– Политиките на Владата што се преземаат во изминатите години создадоа добра основа за постојан пораст на економијата преку поддршка на домашните фирми, со низа мерки, со најниски даноци во светот, со проектите како „Македонија вработува“, со ослободување на фирмите од плаќање данок од реинвестирана добивка, како и политики во делот на евтините кредити и високите капитални инвестиции. Тука се и странските фирми кои придонесуваат за раст на економијата, изјави Ставрески при денешната посета на Кавадарци.

Тој додаде дека сето ова создава основа да се верува дека македонската економија и понатаму ќе расте со висока стапка, а тоа е, како што рече, значајно за граѓаните затоа што преку висок раст на економијата може да очекуваме нови инвестиции, нови работни места и намалување на невработеноста.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.