Лозарите ги добија двата денарa субвенција за килограм откупено грозје. Парите денеска се префрлени на нивните трансакциски сметки, соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Неготино.

&nbsp

– Се работи за вкупен износ на средства од околу два милиони евра односно 120 милиони денари, од кои околу 800.000 евра се наменети за Неготино, еден милион за Кавадарци и останатите за Струмица, Свети Николе и други места во Македонија каде што има лозари. Задоволни сме што го исполнивме ветеното и што лозарите ги добија двата денарa онака како што вети Владата, изјави Ставрески по пуштањето на првиот Центар за складирање и впаричување на запленети движни ствари.

&nbsp

Тој додаде дека и во иднина како Влада ќе настојуваат независно од тоа дали се кризни времиња во економијата или не да ги исплаќаат ветените субвенции за земјоделците.

&nbsp

Прашан за последните податоци за трговскиот дефицит што ги објави Државниот завод за статистика, вицепремиерот Ставрески оцени дека е добро што тој е насочен кон финансирање инвестиции и увоз на машини и опрема што е индикатор за будење на економијата.

&nbsp

– Дефицитот во трговската размена некогаш може да биде добар знак доколку е насочен кон финансирање инвестиции и увоз на машини и опрема и тоа е она што се случува. Тоа е индикатор за будење на македонската економија. Не би било добро ако тој се рефлектира на личната потрошувачка, односно увоз на стоки за лична потрошувачка. Во случајов тоа не е така. Имаме увоз на машини, опрема и друга стока што покажува дека македонските претпријатија имаат очекувања дека ќе расне економијата и затоа увезуваат повеќе работи што потоа ќе го поттикне извозот, истакна вицепремиерот Ставрески.

&nbsp

Одговарајќи на новинарско прашање колку пари ќе бидат потрошени за изборите за дијаспората, Ставрески уште еднаш повтори дека изборите ќе бидат финансирани со ист износ на средства како и претходно, односно меѓу 240 и 300 милиони денари.(МИА)

Comments are closed.