Скопје, 12 април 2013 (МИА) – Македонија е една од земјите со стабилни макроекономски перформанси и во иднина ќе може соодветно да го сервисира својот долг и сите други обврски.

 

Ова е оценката на ММФ чии претставници во изминатите десет дена се сретнаа со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со гувернерот Димитар Богов и со бизнисмените.

 

Како што изјави денеска Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање пред одбележувањето 21. година постоење Царинска управа, согласно досегашните разговори со ММФ, нема никакви изненадувања и проблеми.

 

– Констатациите се дека Македонија е една од земјите што имаат стабилни макроекономски перформанси и како таква и во иднина ќе може соодветно да го сервисира својот долг и сите дргуги обврски, рече министерот, додавајќи дека е задоволен од досегашниот тек на мисијата.

 

За вторник е закажан завршниот состанок по кој ќе се одржи и средба со новинарите на која шефот на мисијата на ММФ ќе ги изнесе своите оценки.

 

Актуелната мисија на ММФ е една од редовните за оценка на макроекономските политики и одржливоста на нивото на долгот на Македонија.

 

Comments are closed.