Прилеп, 28 ноември 2014 (МИА) – Високиот раст на индустриското производство, што го објави Државниот завод за статистика, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески се должи на добрата даночна политика и бизнис климата.

Истакнува дека во Европа само Македонија и Ирска имаат висок и континуиран раст во индустријата.

– Македонската индустрија фати добар залет. Веќе 14 месеци има континуиран раст. Последниот податок за порастот од 7,5 проценти или вкупно за 10-те месеци пораст од над 5 проценти покажува дека имаме добри политики, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.

Тој додаде дека растот се должи и на компаниите што работат во слободните зони, но и на домашната индустрија, пред сè на текстилната и металната, кои имаат солидно добар пораст.

Вицепремиерот очекува високите стапки на економски раст во индустријата и во другите сектори да се одржат и во наредниот период.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window