Скопје, 10 февруари 2012 (МИА) – Македонија и македонската економија во последниве пет години имаше многу подобри остварувања отколку грчката економија и гледано во иднина таа и во следните пет години ќе биде подобр, односно ќе биде многу постабилна и ќе има економски раст за разлика од Грција која уште неколку години ќе има економски пад каков што имаше во изминативе пет години, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по посетата на зградата што ја гради ЈПССДП и која може да биде дел од проектот „Купи куќа, купи стан“.
Според него, има добри шанси еден дел од грчките компании кои го губат бизнисот таму или немаат добри услови за работа да го префрлат својот бизнис посебно во пограничните градови во Македонија како што се Битола, Гевгелија, Валандово, Струмица.
Во однос на долгот на државата рече дека Македонија е ниско задолжена земја и согласно последните податоци е меѓу најниско задолжените во Европа и така и ќе остане.