Струмица, 11 септември 2015 (МИА) – Можноста за откуп на земјиште со владиниот проект од 2009 година досега ја искористиле над 2.500 фирми, а поддршката и помошта за бизнисот со такви проекти ќе продолжи

, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Василево.

– Над 2.500 фирми во Македонија досега ја искористија можноста за откуп на земјиштето при што Министерството за финансии и Владата помогнаа, преку директи контакти со дел од фирмите, да се разрешат одредени сложени прашања за приватизацијата на земјиштето, како големи, така и помали фирми да го реализираат тоа, односно да си го откупат земјиштето, изјави Ставрески одговарајќи на новинарски прашања.

Откупот на земјиштето, потенцира вицепремиерот и министер за финансии, е многу значаен за фирмите бидејќи, како што рече, кога го поседуваат земјиштето ќе можат да го користат и како хипотека за да добијат финансиска поддршка од банките.

– Задоволен сум од тој процес и ќе продолжиме и понатаму со поддршка и помош на фирмите и останатите што се заинтересирани да го приватизираат земјиштето под извонредно поволни услови, истакна Ставрески.

Тој потсети дека проектот за откуп на земјиштето беше едно од долгогодишните барања на бизнисмените во Македонија коешто ниту една друга влада претходно го немаше решено.

– Од 2009 година овозможивме да  почне да се реализира откупот на земјиштето по повластени услови со попуст од 30 отсто доколку фирмите го платат во готовина, рече Ставрески.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.