Намалувањето на стапката на невработеност на најниско ниво во последните 15 години е показател дека на пазарот на работна сила се случуваат позитивни движења кои се резултат на добрите владини политики, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по денешното садење дрвца во селото Бучинци во општина Илинден.

&nbsp

Одговарајќи на новинарски прашања, Ставрески посочи дека стапката на невработеност според податоците на Државниот завод за статистика е спуштена на најниско ниво во последните 15 години, а бројот на вработени, ако се спореди во последните четири години, е зголемен за околу 95 илјади лица.

&nbsp

– Тоа се показатели дека иако имавме криза во Република Македонија се случуваат позитивни движења на пазарот на работна сила кои главно се резултат на добрите политики што се спроведоа во периодот пред кризата и што помогнаа Македонија да ги оствари високите стапки на раст во 2007 и 2008 година, а во текот на кризата да не падне македонската економија како што се случи во многу други земји, нагласи вицепремиерот Ставрески, изразувајќи уверување дека со излегувањето од светската економска криза стапката на невработеност ќе се намали под 25 проценти.(МИА)

Comments are closed.