Прилеп, 16 март 2016 (МИА) – За девет години невработеноста во Прилеп е намалена за 10.000 лица, главно со проекти преку Агенцијата за вработување и со активирање на индустриските зони, изјави вицепремиерoт и министер за финансии  Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.
 
Според Ставрески, постигнати се добри резултати, со тоа што во периодот од 2006 до 2015 година во Прилеп е намален бројот на невработени за речиси 10.000 лица.
 
– Голем дел од нив се вработени преку активните мерки на Агенцијата за вработување, како што се самовработувањето, кредитите, грантовите, преку проектот „Македонија вработува“ и слично, рече Ставрески, додавајќи дека добар дел од новите вработувања се во компаниите – странски инвестиции, во околината и во Прилеп, како и во индустриските зони.
 
Тој ги посочи компаниите – странски инвестиции „Дрекслермаер“, „Гентерм“ и „Акомпласт“, каде има голем број вработувања, а се очекуваат и нови, како и индустриската зона во Прилеп каде што се очекува неколку домашни фабрики да отворат погони и со тоа нови работни места.
 
– Секако, има вработувања и во локалните фирми. Тие овие години ја искористија добрата бизнис клима, ниските даноци, евтините кредити, така што со сите тие мерки помогнавме да се реализираат вработувања и во домашните фирми, истакна Ставрески.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window