Министерот за финансии Зоран Стaврески очекува најголем дел од грчките инвеститори да го задржат бизнисот во Македонија и најавува дека државата ќе се справува со ефектите од економската криза во Грција со компаративните предности и продолжување со дисциплинирано водење фискална политика и оставрување добри макроекономски показатели.

&nbsp

– Евентуалното затворање на границата заради штрајкови или социјални немири во Грција, секако ќе има влијанаие врз обемот на трговијата. Инвеститорите од Грција во вакви времиња гледаат каде имаат најниски трошоци за да продолжат со бизносот. Тие трошоци се многу пониски во Македонија отколку во Грција, така што очекувам најголем дел од нив да го задржат бизност во нашата земја, изјави вицепремиерот и министер за финансии Ставрески одговарајќи на новинарски прашања во Собранието.

&nbsp

Според Ставрески, кризата во Грција прераснува во европска. Со вчерашното намалување на кредитниот рејтинг од страна на Стандард и Пурс, за Грција, Португалија и Шпанија кризата практично се проширува и станува прашање за економскиот раст на еврозоната, односно како еврозната ќе се справи со прашањето на се поголемиот растечки долг на неколку нивни членки.

&nbsp

Перцепцијата на инвеститорите за Грција, но и за целиот регион, укажа Ставрески, автоматски се влошува и тоа секако неможе да е позитивно за Република Македонија.

&nbsp

– За жал, има малку работи кои можеме да ги направиме, освен да продолжиме со дисциплинирано водење фискалната политика и остварување добри макроекономски показатели како и досега, со цел да покажеме дека има разлика односно Македонија и според условите за бизнис и според висината на буџетскиот дефицит и на БДП претставува стабилна економија која се разликува од овие други земји и нема проблем со надворешната задолженост, рече министерот за финансии.

&nbsp

Треба да останеме со компаративните предности кои ги имаме, надевајќи се дека инвеститорите ќе ја препознаат таа разлика, додаде Ставрески.(МИА)

Comments are closed.