Велес, 1 ноември 2014 (МИА) – Република Македонија доби потврда за стабилниот рејтинг од најреномираната кредитна агенција Стандард и Пурс.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, ова е одлична вест бидејќи во услови кога во многу земји рејтинзите од страна на Стандард и Пурс се намалуваат, Република Македонија повеќе години по ред добива потврда за стабилниот рејтинг со позитивни изгледи за во иднина.

– Ова е индикатор и доказ за инвеститорите, бидејќи инвестициските банки и инвеститорите во реалниот сектор ги следат сите овие рејтинзи и движења и за нив ова е потврда дека земјата се движи во вистинска насока, истакна Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по врачувањето на првите решенија за отпис на долговите на граѓани од најранливите категории од Велес.

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија врз основа на високиот економски раст којшто го забележа и е проектирано да го забележи. Годинава, кредитната агенција го намали кредитниот рејтинг на Словенија, Хрватска, Турција, Русија и Србија.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.