Прилеп, 29 јуни 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска во Прилеп најави дека привршуваат подготовките за новите средства од Светска банка во висина од 37 милиони евра наменети за инфраструктурни проекти на општините.

 

– Со Светска банка ја почнавме постапката навреме и веќе сме пред завршување за добивање на новите средства од 37 милиони евра зашто општините се интересираат и сакаат да заокружат инфраструктурни проекти, а Владата ги поддржува. Парите од новата транша повторно ќе им бидат на располагање на општините за инвестирање. Условите се мошне поволни со грејс период од три години, камата од 1,4 проценти и исплата на 10 години, истакна вицепремиерот Ставревски.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.