Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека проектот за гасификација на Македонија се одвива според предвидената динамика и нагласува дека веќе е завршена физибилити-студијата која е доставена до банките кои треба да го финансираат проектот.

&nbsp

– Претходно немавме никакви документи и проекти, како ни физибилити-студија. Сега физибилити-студијата е изработена од страна на Министерството за транспорт и врски и е доставена до Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој (EБОР) кои треба да го фринансираат проектот, како и до Руската Федерација како партнер во делот на затворање на клириншкиот долг, изјави Ставрески одговарајќи на новинарско прашање на паузата на бизнис-форумот во Струмица.

&nbsp

Тој посочи дека делницата за Струмица ќе биде приоритетна и оти за неа ќе се направи конкретен проект и ќе се предложи меѓу првите за финансирање од ЕИБ и ЕБРД.(МИА)

Comments are closed.