Скопје, 12 декември 2012 (МИА) – Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оцени дека е во завршна фаза разгледувањето на спогодбата за приклучување на Македонија кон гасоводот Јужен поток од руска страна и оти до крајот на јануари треба да добиеме конечен одговор.
– Разгледувањето е во заврршна фаза од страна на руската влада и очекуваме до крајот на јануари идната година да добиеме повратен одговор дека спогодбата е прифатлива и да ја потпишеме. Тоа ќе овозможи да се спроведат останатите активности како што се формирање заедничко претпријатие, изградба на кракот кон Македонија…, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање на паузата на Конференцијата за започнување на проектот „Обука за внатрешни ревизори во јавниот сектор“ (TIAPS) .
Во Анапа, во Русија, потенцира, Република Македонија беше поканета и присуствуваше на почетокот на изградбата на Јужниот ток и во таа ситуација повторно разговаравме со Газпром и со претставниците од министерствата за меѓудржавната спогодба меѓу Република Македонија и Руската Федерација.