Скопје, 3 април 2016 (МИА) – Во во последните десет години во Македонија се отворени 150.000 нови работни места. Сегашната Влада создаде систем за решавање на најголемиот проблем кој произлезе од транзицијата – невработеноста. И како што може да се види, тој систем успешно функционира, истакнува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

За овие десет години отворени се 150.000 нови работни места. Минатата година се отворија 20 илјади работни места. Преку „Македонија вработува“ креирани се над 16.000 работни места. Преку мерката за вработување млади до 29 години заедно со „Македонија вработува“ креирани се над 24.000 работни места. Преку активните мерки на АВРМ креирани се вкупно 34.600 нови работни места. Преку странските директни инвестиции креирани се 16.000 работни места. Дополнително, странските фирми соработуваат со домашни фирми, што креира дополнителна работа за нив и потреба од нови работни места. Преку евтината кредитна линија на МБПР за мали и средни претпријатија отворени се нови 7.000 работни места, рече вицепремиерот Ставрески во интервју за „Вечер“.

Ставрески посочува и дека благодарение на малите даночни зафаќања од фирмите на компаниите им остануваат повеќе средства за инвестиции и отворање нови работни места.

Како што истакна Ставрески, целта е невработеноста и понатаму да продолжи да се намалува и за две години да се сведе на 22 отсто.

До крајот на проектот „Македонија вработува“, кој е дел од активните мерки на Владата за намалување на невработеноста, остануваат уште две недели. Ставрески оцени дека проектот има успешна реализација и донел придобивки и за фирмите и за граѓаните.

– Проектот успеа да ги опфати сите категории граѓани. Преку него се вработија над 12.000 млади луѓе до 29 години, но имаме и околу 2.700 вработувања на лица помеѓу 50 и 58 години и 700 вработувања на лица над 58 години. Тоа се луѓе кои без овој проект веројатно немаше да дојдат до работа, истакнува Ставрески.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.