Скопје, 13 ноември 2014 (МИА) – Коридорот 8 претставува еден од стратешките приоритети во транспортната инфраструктура за следниот среднорочен период и  во таа насока планираме да вложиме сериозен износ средства, изјави денес вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања. 

Според Ставрески, со вчерашната објава од Европска банка за обнова и развој дека се одобрени 145 милиони евра за втората фаза од пругата кон Бугарија, од Бељаковце до Крива Паланка, средствата се обезбедени и реализацијата на пругата ќе продолжи непречено.

– Тоа ќе биде главната алтернативна опција за транспортот во однос на постоечкиот Коридор 10. Очекувам во следниот период исто така да се интензивира и градбата на патот од Кичево до Охрид и Струга и источниот автопат од Скопје до Штип, така што во целина и Коридорот 8 и краците на Коридорот 8 ќе бидат во фокусот на Владата во следните три-четири години и ќе има сериозни инвестици во тој дел, рече Ставрески, по потпишувањето на Договорот за Проектот за модернизација на патарините долж Коридорот 10.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.