Скопје, 11 декември 2015 (МИА) – Стапката на невработеност во Македонија во третиот квартал од годинава изнесува 25,5 отсто, што е намалување од 1,3 проценти во однос на второто тримесечие кога беше 26,8, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на оваа институција, бројот на вработени е зголемен за 20.415 лица во однос на истиот период во 2014 година кога имало 690.965 вработени.

Од вкупно 954.610 лица кои се вбројуваат во активно население, бројот на вработени во третиот квартал годинава изнесува 711.380 лица, а на невработените 243.230.

Comments are closed.

Close Search Window