Странските директни инвестиции во земјава од јануари, заклучно мај достигнаа 105,4 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Мскедонија. Само во мај истите изнесуваат 28,5 милиони евра, од кои 11,3 милиони се од акционерски капитал и реинвестирана добивка, а останатите по основ на побарувања и обврски на странските фирми од и кон нивните матични компании.
За споредба истиот период лани од јануари до мај во земјава влегле 69,3 милиони евра странски директни инвестиции, што значи дека на годишно ниво се забележува нагорен тренд.
До крајот на годинава најавен е влез на повеќе компании од Турција, Германија, Франција и Америка.