Денеска во Министерството за финансии ќе се одржи настан по повод отпочнување на твининг проектот „Понатамошно подобрување на системот на внатрешна контрола“, финансиран од Европската Унија, а кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерството за финансии на Република Хрватска.