8 март 2019, Гургурница – Одлична реализација од преку 3 милиони евра инвестиции само од почетокот на годинава преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и на Европската Унија. Ова денеска го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски при посетата на новото училиште во с. Гургурница, о. Брвеница, изградено токму преку МСИП. Инаку, МСИП поддржува капитални проекти кои ги подобруваат условите за живот во општините.

– Морам да кажам дека на почетокот на годинава имаме одлична реализација на Проектот за подобрување на општинските услуги. Преку 3 милиони евра се вложени во 27 општини за изградба на локални патишта, водоснабдување, зелен пазар, гимназија, општинска зграда. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги сакаме во сите општини во земјава да обезбедиме подобри услови за живот за сите граѓани – рече Тевдовски.

Вкупниот фонд на МСИП е 81,1 милион евра. Преку Проектот за подобрување на општинските услуги досега се поддржани над 250 капитални проекти во сите општини во земјава. Станува збор за капитални проекти кои придонесуваат за подобрување на условите за живот, како што се локални улици, водоводи, канализации, градинки, училишта.

Comments are closed.

Close Search Window