27 декември 2012, Скопје – Поради големиот интерес за приватизација на дворните места, a за да им се излезе во пресрет на граѓаните, Ве известуваме дека подрачните единици на Управата за имотно правни работи во општините ќе работат и во сабота 29 декември и недела 30 декември 2012 година од 08:30 до 19:00 часот.

 

Кон барањето за приватизација потребно е да се достават следните документи:

 

• Доказ за идентификација (фотокопија од лилна карта или пасош)

• Доказ за стекнување на корисничко право на земјиштето (закон, тапија, пресуда, решение, договор, одлука на државен орган итн.)

• Имотен лист

 

Крајниот рок за откуп на дворните места истекува на 31 декември 2012 година.

 

Comments are closed.