Одделението за управување со средства ги врши работите што се
однесуваат на:
- регулирање и следење на управувањето со средствата;
- учествувањето во изготвувањето на предлозите за донесување на законски
- прописи за управувањето со имотот, како и во подготовката на подзаконски акти и други прописи;
- давањето на мислења по барања на определените членови во одборите на доверители;
- разгледувањето на предлозите на Управата за јавни приходи и нејзините подрачни единици за отворање на стечајни постапки и давањето оценки за основаноста на предлозите;
- давањето предлози и мислења за натамошниот статус на имотот добиен по основ на побарувања од стечај и по други основи;
- управувањето со побарувања на државата од претпријатијата кои што редовно работат и со побарувањата од претпријатија за кои е поведена постапка за присилно порамнување, стечај или ликвидација, односно од претпријатија кои во своето работење искажуваат загуби;
- преземање мерки за поведување на постапка за присилно порамнување, стечај или ликвидација;
- комбинирање на неколку или сите форми на регулирање на побарувањата;
- презема и предлага мерки за заштита и за оттуѓување на средствата стекнати во вид на движен и недвижен имот по основ на стечајни постапки врз основа на правосилно судско решение, во извршни постапки со доделување на имот по неуспешна реализација на заложно право или присилна наплата на побарувања од имотот на должникот и други случаи предвидени со закон и врши други работи.
Клучни контакти:
Раководител на одделение
Виолета Петреска Тодоровска
телефон: 02/3106-619, факс 02/3137-012
е-пошта: violeta.petreska-todorovska<at>