Собранието денес го усвои ребалансот на буџетот за 2009 година. Расходите на државава се проектирани на 154,5 милијарди денари или помалку за 13,2 милијарди денари од првичната проекција.
Измените предвидуваат и намалување на приходите на 143 милијарди денари или 10,1 милијарди денари помалку од првичната проекција.
Буџетскиот дефицит е проектиран на 11, 4 милијарди денари или 2,8 отсто од бруто-домашниот производ. Предвидена е и промена на растот на БДП која наместо првичните 5 отсто се очекува до крајот на годината да достигне 1 отсто. Инфлацијата поради намалување на цените на стоките и увозот се очекува да достигне 1 отсто.