Усвоен ребалансот на буџетот за 2009

 

Собранието денес го усвои ребалансот на буџетот за 2009 година. Расходите на државава се проектирани на 154,5 милијарди денари или помалку за 13,2 милијарди денари од првичната проекција. Измените предвидуваат и намалување на приходите на 143 милијарди денари или 10,1 милијарди денари помалку од првичната проекција.

 

На расходната страна на буџетот намалена е стапката плати и надоместоци за вработените кај буџетските корисници за 4 отсто, ставката тековни расходи за стоки и услуги е помала за 16 отсто, додека капиталните расхои се скусени за 17 отсто во однос на првичната проекција.     

 

Буџетскиот дефицит е проектиран на 11, 4 милијарди денари или 2,8 отсто од бруто-домашниот производ. Предвидена е и промена на растот на БДП која наместо првичните 5 отсто се очекува до крајот на годината да достигне 1 отсто. Инфлацијата поради намалување на цените на стоките и увозот се очекува да достигне 1 отсто.

 

Ребалансот е усвоен со мнозинство од 58 гласа „за“ и 9 гласа „против“.

Comments are closed.