Физибилити студијата за гасоводот, односно за приклучувањето на Македонија кон Јужен тек е при крај и ќе биде готова заклучно со третиот квартал од 2011 година. Ова го истакнал заменик претседателот на рускиот гигант „Гаспром“, Александар Медведев синоќа на средбата со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на маргините на Меѓународен економски форум, во Санкт Петербург, Русија.

&nbsp

На средбата, како што се вели во соопштението од Министерството за финансии, било контатирано дека со реализација на гасификацијата значајно ќе се прошири потребата од гас во Република Македонија, при што од „Гаспром“ изразиле подготвеност да ја обезбеди потребната количина.

&nbsp

Дводневниот Меѓународен економски форум, кој се одржува под покровителство на претседателот на Руската Федерација Дмитри Медведев, е меѓу најпрестижните во светот и на него учествуваат реномирани претставници на влади и компании од целиот свет.(МИА)

Comments are closed.