Република Северна Македонија подолг период спроведува реформи во локалната самоуправа. Фискалната децентрализација е еден од приоритетите кои произлегуваат од Пристапното партнерство на Република Северна Македонија со ЕУ, и е тесно поврзана со меѓувладините трансфери поради што Владата се определи за внимателен и фазен пристап во нејзиното имплементирање.

Главниот принцип на фазниот пристап е постепено пренесување на надлежностите, во согласност со порастот  на капацитетот на локалните власти да ги преземат овие одговорности  со обезбедeн правичен и соодветен трансфер на средства. До крајот на 2011 година сите општини во Република Северна Македонија преминаа во втората фаза од фискалната децентрализација, односно ги вршат работите на администрирање и финансирање на децентрализираните надлежности во културата, образованието, детската и социјалната заштита (освен Општина Пласница).

Владата на Република Северна Македонија презеде  мерки и активности за зајакнување на капацитетите за развивање политики за финансирање и јакнење на капацитетите за финансиско управување на општините, што придонесе за значаен пораст на сопствените приходи. Во општините постојано се подобрува наплатата на сопствените приходи, особено на даноците на имот.

Документи

Месечен извештај за општински буџетски корисник – Образец М1
Образец М1

Квартален извештај за извршувањето на буџетот на општината – Образец К1
Образец К1

Месечен извештај за достасани ненамирени обврски на општински буџетски корисник – Образец М2
Образец М2

Квартален извештај за достасани ненамирени обврски – Образец К2
Образец К2

Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините – Образец К3 Образец К3

ЗП Образец

Правилник за форма и содржина на периодичните финансиски извештаи на општините – Службен весник на Република Македонија 98/10

Упатство за пополнување на обрасците на периодичните финансиски извештаи на општинските буџетски корисници и едниците на локална самоуправа

Водич за општински обврзници

Апликациja за финансиски планови 2021

Буџетски циркулар за ЕЛС за 2017 година

Образец В1 програми за развој 2017 година

Образец В2 програми за развој ИПА 2017

Буџетски циркулар за ЕЛС за 2018 година

Образец В1 програми за развој 2018 година

Образец В2 програми за развој ИПА 2018

Буџетски циркулар за ЕЛС за 2019 година

Образец В1 програми за развој 2019 година

Образец В2 програми за развој ИПА 2019 година

Буџетски циркулар за ЕЛС за 2020 година

Образец В1 програми за развој 2020 година

Образец В2 програми за развој ИПА 2020 година

Буџетски циркулар за ЕЛС за 2021 година

Образец В1 програми за развој 2021 година

Образец В2 програми за развој ИПА 2021 година

Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог

Правилник за формата и содржината на Извештајот за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски

Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window