Кратово, 23 ноември 2014 (МИА) – Свлечиштето во Кратово е целосно санирано во рекорден период. За овој Проект Владата одвои 58 милиони денари, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Кратово, кој вчера присуствуваше на завршетокот на работите на свлечиштето.

 
– Имав можност да се уверам дека на местото кое некогаш беше свлечиште и претставуваше проблем за граѓаните на Кратово, денес имаме санирана улица која е по сите стандарди, со две широки ленти и тротоари. Така што за граѓаните на Кратово го направивме она што им го ветивме. Кога се случи свлечиштето поради временските непогоди, ветивме дека ќе го санираме за 3-4 месеци и еднаш засекогаш ќе го решиме, рече Ставрески.

Тој за време на вчерашната посета на Кратово имаше средби со градоначалникот Мите Андоновски, советниците и пратениците, на кои се информирал за текот на реализацијата на останатите инфраструктурни проекти и вети поддршка за нови проекти.

Comments are closed.

Close Search Window