Добредојдовте во светот на PIFC

 

ЈВФК е концепт развиен од Европската комисија, за да им помогне на земјите кандидати да ги реформираат своите системи на внатрешни финансиски контроли. Концептот е базиран на меѓународните стандарди за внатрешна контрола и праксата на европските земји.

ЈВФК претствува нова култура на управување, односно премин од воспоставеното традиционално администрирање во активно управување.

Елементи на јавната внатрешна финансиска контрола се:

1.Финансиското управување и контрола

  • Контролната средина
  • Управувањето со ризиците
  • Контролите
  • Информациите и комуникациите и
  • Следењето и евалуацијата

 

2.Функционално независната внатрешна ревизија

  • оценката на финансиското управување и контрола
  • тестирањето и оценувањето на системот
  • давање совети и препораки за подобрување на работењето

3.Централната единица за хармонизација е организациона единица во рамките на Министерството за финансии која е надлежна за координација на јавната внатрешна финансиска контрола (ЈВФК) во јавниот сектор во Република Северна Македонија

ЈВФК воведува систематски пристап за управување преку:

  • Стратешкото планирање
  • Програмското планирање
  • Управувањето со ризиците
  • Овластувањето и одговорноста за реализација на целите и управувањето со буџетските средства
  • Системот за евиденција и известување
  • Самооценувањето на финансиското управување и контрола (Изјава за квалитетот и состојбата на внатрешните контроли, Прашалник за самопроценка на финансиското управување и контрола) и
  • Внатрешната ревизија

Натамошниот развој на овој систем ќе продолжи и по пристапувањето на Република Македонија во Европската унија земајќи ги во предвид тековните случувања во буџетски систем, но исто така и праксата на земјите-членки на ЕУ.

Земјите членки на ЕУ го користат терминот “јавна внатрешна контрола” (анг. Public Internal Control – PIC) како упатување на системите на внатрешна контрола, кој во моментов се развиваат во рамки на јавниот сектор на земјите-членки на Европската унија. Иако дојде до терминолошки измени, концептот на ЈВФК и понатаму останува темелен, бидејќи регулаторната цел останува иста.

Законот за јавна внатрешна финансиска контрола го уредува системот на внатрешни контроли во јавниот сектор на Република Македонија кој е во функција на обезбедување на примена на начелото на стабилно, односно добро финансиско управување и создавање услови за зајакнување на раководната одговорност и внатрешната ревизија како дел на тој систем која е во функција на независно и објективно оценување на системот на внатрешните контроли и давање совети со цел подобрување на работењето на институциите.

 

Проекти за зајакнување на системот на јавна внатрешна финансиска контрола

Твининг проект „Поддршка на процесот на фискална децентрализација преку зајакнување на капацитетите за стабилно финансиско управување и внатрешна финансиска контрола на локално и централно ниво“

– Билтен твининг февруари 2011 година

Твининг проект “Зајакнување на системот за јавна внатрешна финансиска контрола во Република Македонија“

Финансиран од ЕУ (април 2007 година- декември 2008 година)

– Презентација за предностите на твининг проект (Хаг, 4 јуни 2008)

– Презентација за развојот на Јавната внатрешна финансиска контрола во Република Македонија (Брисел, 17 март 2009)

Проект “Обука за системска ревизија за внатрешните ревизори во јавниот сектор на РМ“

Финансиран од холандски грант, и администриран од Светска Банка, 2005 година

Спроведени 10 пилот системски ревизии

Проект “Техничка помош на Министерството за финансии за развој на внатрешната ревизија” (февруари 2005 година -февруари 2006 година)

Финансиран од Европската Комисија, а управуван од Европската агенција за реконструкција,

Брошури:

Проект “Развој на политика на Република Македонија во областа на внатрешната ревизија и обука” 2004 година

Финансиран од холандскиот грант и администриран од Светската банка

“Проект за реформа на јавната администрација“

Финансиран од PHARE програмата, 2000 година,

Изготвен Прирачник за интерна ревизија издаден во март 2000 година

 


Оваа вест е достапна и на: македонски Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window