ЦФЦД

Секторот за централно финансирање и склучување договори има посебна интернет страница на која се објавуваат сите релевантни информации за искористувањето на ИПА помошта во Република Северна Македонија – cfcd.finance.gov.mk.


Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) е сектор во рамките на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, кој е надлежен за стабилно финансиско управување проекти кои се финансираат од страна на следниве ИПА компоненти:

  • ИПА Компонента I – Помош во период на транзиција и градење институции
  • ИПА Компонента III – Регионален развој
  • ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси

ЦФЦД претставува водечко тело во рамките на Оперативните структури за ИПА Компонентите I, III и IV, како и надлежен орган кој ќе врши склучување договори, и кој е единствено одговорен за спроведување на тендерирските постапки и плаќања поврзани со проекти финансирани од ЕУ.

Раководителот на ЦФЦД во исто време е назначен и за програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I, како и раководител на оперативна структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV.

Задачите кои се однесуваат на програмирање, техничка имплементација и следење на реализацијата на договорите се делегирани на надлежните линиски министерства/ институции – кориснички, со Оперативен договор потпишан од страна на ПАО/ХОС и вишите програмски службеници СПО/ ИПА координатори.

ЦФЦД ја надгледува реализацијата на проектите, а ПАО/ХОС ја задржува целосната одговорност за реализација на истите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на СПО/ ИПА координаторите.

Вера Проковиќ

Раководител на сектор

02/3255-517
verica.prokovic@finance.gov.mk

Аница Иваноска-Стрезовски

Помошник раководител на сектор

02/3255-519
anica.ivanoska@finance.gov.mk

Маја Аргировска

Помошник раководител на сектор

02/3255-546
maja.argirovska@finance.gov.mk

Тања Трипуновска

Помошник раководител на сектор

02/3255-518
tanja.kostovska@finance.gov.mk

Одделенија

Тоше Пановски

Одделение за буџет и буџетска политика

02/3255-520
tose.panovski@finance.gov.mk

Љубица Јовчевска

Одделение за буџети на фондови

02/3255-531
ljubica.jovceska@finance.gov.mk

Вукица Савевска

Одделение за буџети на единиците на локалната самоуправа

02/3255-535
vukica.saveska@finance.gov.mk

Маја Аргировска

Одделение за анализи

02/3255-546
maja.argirovska@finance.gov.mk

Весна Крапчовска

Одделение за јавни претпријатија и агенции

02/3255-550
vesna.krpacovska@finance.gov.mk

Исак Синани

Одделение за планирање и следење на јавните инвестиции

02/3255-544
isak.sinani@finance.gov.mk

Also available in: Macedonian Albanian

Comments are closed.

Close Search Window