6 ноември 2018 година, Скопје – Во Министерство за финансии се одржа стручна консултација со засегнатите релевантни страни за “Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Македонија  2019 – 2022 година“.

Претставниците од Министерството за финансии ги презентираа приоритетните области, целите и мерките од Националната стратегија. На консултацијата засегнатите страни дадоа свои мислења и предлози кои ќе придонесат во процесот на подготовка на документот.  

Comments are closed.