Вести|

23 октомври 2020, Скопје – Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски беше дел од владината делегација којашто денес, во рамки на чествувањето на Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје.

– Денес го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и со гордост се сеќаваме на храброста и пожртвуваноста на македонските револуционери. Токму тука пред споменикот на Гоце Делчев, апостолот на македонското револуционерно движење, им се поклонуваме на сите борци и ја чествуваме нивната жртва, истрајност и нескршлива волја за слобода, правда и сопствена државност. Македонската револуционерна организација се наметна како движечка сила, во која се организираа сите прогресивни сили, без разлика на идеолошката провиниенција – рече Ковачевски.

Во рамки на владината делегација беа и заменик-министерот за култура, Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window