Вести|

31 октомври 2020, Скопје – Учениците од земјата сѐ повеќе се интересираат за финансиската едукација и за важноста на соодветното управување со личните финансии и со штедењето. Ова е резултат и на постојаните вложувања во сферата на финансиската писменост, а се потврдува и преку резултатите од годинешниот конкурс по повод Светскиот ден на штедењето, којшто традиционално го распишуваат Министерството за финансии и Народната банка. Специфичните околности наметнати од пандемијата на ковид-19 не беа пречка, учениците од земјата, и оваа година, во голем број, на креативен начин да ги испратат своите пораки за важноста на штедењето. Над четиристотини ученици од земјата ги испратија своите литературни и ликовни творби, покажувајќи ги нивните размислувања за штедењето и нивната креативност.

Наградени се вкупно 12 ученици од основните училишта и тројца средношколци. Истовремено, добитници на пофалница се осум основци и еден средношколец.

На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „Штедам за моите желби, штедам за мојата иднина“ пристигнаа вкупно 373 ученички трудови, од кои 100 литературни творби – песни, 91 литературна творба – раскази и 182 ликовни творби – цртежи.

ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД 1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Симон Бакаловски, III-б одд. ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје
  2. Ева Стојановска, III-в одд. ООУ „Димитар Македонски“ – Скопје
  3. Калина Смилевска, IV-а одд. ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ – Скопје

Добитник на пофалница:

  1. Јани Илиевски, V одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје

ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД 6. ДО 9. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Сара Цветкова, VII-б одд. ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје
  2. Катја Велјаноска, VII одд. ООУ „Тихомир Милошевски“ – с. Волково, Скопје
  3. Ханка Шабани, IX-а одд. ООУ „Наим Фрашери“ – с. Јагол, Кичево

Добитник на пофалница:

  1. Симеон Трајчов, IX одд. ООУ „Никола Карев“ – Кочани

ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ПЕСНИ ОД 1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Матеа Колеска, II-3 одд. ООУ „Григор Прличев“ – Охрид
  2. Марија Ѓошева, IV-4 одд. ООУ „Блаже Конески“ – Велес
  3. Масимо Ерби, V-в одд. ООУ „Војдан Чернодрински“ – Скопје

Добитници на пофалница:

  1. Даријан Петковски, III-б одд. ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје
  2. Гала Георгиевска, IV-2 одд. ООУ „11 Октомври“ – Скопје
  3. Теодора Димитровска, V-а одд. ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје

ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – РАСКАЗИ ОД 6. ДО 9. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Ана Манчева, VI-2 одд. ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ – Скопје
  2. Младен Божиновски, VIII-1 одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово
  3. Талијан Ѕвончар, IX одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп

Добитници на пофалница:

  1. Дебора Анастасова, VI одд. ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Велес
  2. Дилара Алили, VII одд. ООУ „Фан Ноли“ – с. Палатица, Тетово
  3. Сара Јованова, VIII-1 одд. „Св. Климент Охридски“ – Македонски Брод

На Конкурсот објавен за учениците од средно образование на зададената тема „Штедењето во мирни времиња наспроти неизвесноста на иднината“ во предвидениот рок пристигнаа 60 есеи.

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЕСЕИ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Марко Инѓилизов, III година СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес
  2. Татјана Јовановска, I година СУГС „Ѓорѓи Димитров“ – Скопје
  3. Надица Поповска, III година СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија

Добитник на пофалница:

  1. Јована Јованоска, IV година СОУ „Гостивар“ – Гостивар

Во литературните творби се препознава настојувањето на учениците, значењето на штедењето  и создавањето навика за штедење да го претстават на имагинативен начин. Според оцените на комисијата, особено меѓу пристигнатите раскази, забележливо отскокнувале неколку творби во кои се истакнува талентот, трудољубивоста, уникатниот стил и финансиската едуцираност на младите автори, секако, соодветно на нивната возраст. Креативноста и индивидуалноста во идејните решенија се одлика и на пристигнатите ликовни творби.

Особено беше забележлива зголемената бројност на пристигнатите есеи. Конкретно, во рамки на рокот, на конкурсот пристигнаа 60 есеи, напишани од ученици од повеќе средни училишта од повеќе општини – повеќе отколку во претходните две години, кога пристигнуваа по околу 40 есеи. Ова покажува дека веќе во третата година од спроведувањето, овој конкурс е препознатлив меѓу средношколците и го привлекува нивното внимание.

По внимателен прочит и оценување на есеите, комисијата изрази задоволство како од квантитетот, така и од квалитетот на пристигнатите текстови. Поголемиот дел од пристигнатите есеи, според оцените на комисијата се одликуваат со солиден квалитет според сериозноста на пренесените ставови и стилот на изразување, коишто демонстрираат и забележливо ниво на финансиска писменост. Есеите на средношколците потврдуваат постојат развиени навики на штедење кај дел од младите луѓе во земјата, но сепак, во дел од трудовите отворено се упатува на потреба од поголема информираност за штедењето и финансиските институции, што е директна потврда за потребата од натамошни активности во доменот на финансиска едукација на младите. Посебно радува што во некои од есеите и експлицитно е наведено дека конкурсот ги поттикнал учениците да прочитаат повеќе едукативни материјали од областа на финансиската едукација, со што конкурсот ја постигнува својата цел.

Народната банка и Министерството за финансии, во соработка со другите финансиски регулатори, за претстојниот период планираат да бидат спроведени и други активности во сферата на финансиската едукација, соодветно прилагодени на условите на „новата нормала“ во текот на здравствената криза. Еден дел од активностите, секако ќе бидат посветени на младите.

Клучно, по низата успешни активности спроведени во изминатите години, во завршна фаза е подготовката на првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, со којашто се очекува уште повеќе да се засилат координираните активности за поттикнување и унапредување на финансиската писменост.

Comments are closed.

Close Search Window