Вести|

25 ноември 2020, Скопје – За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година обезбедени се за 4,5 проценти поени повеќе во однос на Буџетот за 2019 година, односно со Буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на комисиската расправа за Буџетот во Собранието.

Во однос на развојната компонента на Буџетот за 2021 година, министерот за финансии посочи и дека се превидени средства за капитални проекти за 20% повеќе во однос на ребалансот, како и дека за првпат има 5-годишна рамка за проектите со цел да се подобри нивната реализација.

– Буџетот за идната година треба да даде перспектива за раст и развој. Поради тоа капиталните инвестиции споредбено со ребалансот предвидуваат зголемување за 20%. Предвидуваме и со механизми, со коишто сметаме дека може да се подобри реализацијата. Во самиот документ има листа на капитални проекти на среден рок, како автопатишта, железничка инфраструктура, енергетска инфраструктура, комунална инфраструктура, инфраструктура од областа на образованието и здравството – рече министерот.

Во однос на економскиот развој и соочување со тековната ситуација во однос на четвртиот пакет-мерки, министерот посочи дека за октомври е веќе одобрена финансиска поддршка за околу 14.000 правни субјекти за исплата на плати, со што се опфатени околу 58.000 работни места. Станува збор за 15 милиони евра, кои воедно се инјектираат и во стопанството. 

Министерот посочи дека економското заздравување и развојот на економијата ќе се поттикнуваат и преку Стратегијата за економско заздравување и раст, преку која на среден рок ќе се обезбедат стапки на раст од 4 – 5% или двојно повеќе во однос на просекот од последните десет години.

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Comments are closed.

Close Search Window