Вести|

Консултации за нацрт Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година

ПОВИК ДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2021 – 2023 ГОДИНА

Ви го претставуваме поглавјето 5 Структурни реформи од нацрт Програмата на економски реформи за 2021 – 2023 година (ПЕР 2021), која Владата на Република Северна Македонија ќе ја достави до Европската комисија до 31 Јануари 2021 година, по усвојување на нејзиниот текст.

Со подготовка на ПЕР, Владата на Република Северна Македонија од 2014 година се приклучи кон пристапот на Европската комисија за поддршка на долгорочен раст и конкурентност преку економското управување како клучен столб во процесот на проширување, со цел да се обезбеди подобро известување за националните планови за економски политики, вклучително и потребните структурни реформи.

Нацрт ПЕР 2021 е подготвена преку веќе воспоставениот национален процес на консултации централно координиран од страна на Министерството за финансии. Документот е изработен согласно „Водичот за програми за економски реформи“ издаден од Европската комисија во Јуни 2020 година. Во изработката е користена експертска поддршка од Центарот за одличност во финансиите (ЦЕФ), а финансиски поддржано од Европската унија.

Со оглед на важноста на овој документ и потребата тој да биде квалитетно изработен, се спроведува процес на широка вклученост на заинтересирани страни. Затоа ги покануваме: бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите чинители и заинтересирани страни за активен придонес во процесот на изработката на документот.

Вашите мислења, коментари и предлози може да ги доставите најдоцна до 21 декември 2020 година на следните е-маил адреси:

Andrija.Aleksoski@finance.gov.mk координатор на Програмата на економски реформи

Vesna.Cvetanova @finance.gov.mk

Aleksandra.Velkova@finance.gov.mk

Нацрт Програма на економски реофмри 2021-2023

Водич за подготовка на Програмата на економски реформи

Оваа вест е достапна и на: English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window