Вести|

16 декември 2020, Скопје – Средства за еднократен надоместок за сите медецински лица и помошен персонал во болниците коишто ги третираат заболените од ковид-19, како и средства за набавка на инсулин и набавка на вакцини против ковид-19 се обезбедуваат со дел од средствата од пренамената во Буџетот за годинава, во вкупен износ од 1,3 милијарди денари, којашто денеска беше одобрена од страна на Собранието. Исто така, со пренамената се обезбедени средства за Гарантниот фонд, за исплата на државна помош по основ на склучени договори, како и за купување на зградата од ПУИГ.

– Со оваа одлука ќе се постигне повисок степен на реализација на Буџетот, а ќе се даде и поддршка на најприоритетните области во време на кризата предизвикана од ковид-19, здравството и приватниот сектор – истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Со пренамената во областа на здравството, се обезбедија дополнителни 384 милиони денари, од кои 184 милиони за подмирување на обврските на јавните здравствени установи, 82 милиона денари за набавка на инсулин и вакцини против коронавирусот, како и 117 милиони денари за исплата на еднократен паричен надоместок за медицински лица и помошен персонал, ангажирани за третман на пациенти заболени од ковид.

За поддршка на развојот, преку гарантирање кредити за обртни средства и на кредити за основни средства одобрени од страна на банки и штедилници – Гарантен фонд, со прераспределбата се обезбедени 90 милиони денари.

Исто така, обезбедени се и 620 милиони денари за купување зграда од Акционерското друштво за стопанисување со станбен простор – ПУИГ, а со цел да се избегнат трошоците за закупнини и да се реши проблемот со сместување на вработените од државните органи.

За постигнување и одржување поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис обезбедени се 90 милиони денари, како и 135 милиони денари за исплата на државна помош по основ на склучени договори.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window