Вести|

17 декември 2020, Скопје – Министерот за финансии, Фатмир Бесими, оствари средба со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер. Министерот го информира амбасадорот за економскиот план на Владата за справување со кризата, како и за клучните реформи и стратегии што се изработуваат во рамки на Министерството за финансии, а коишто треба да овозможат забрзан, одржлив и инклузивен раст.

„Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth), Фискалната стратегија и Планот за јавни инвестиции 2021–2025 година, како главни стратегии на коишто се темели Буџетот за 2021 година, претставуваат цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, за достигнување на нивото на економијата од преткризниот период во текот на втората половина од 2022 година и обезбедување побрза динамика на економски раст потоа, којшто во 2025 година се очекува да достигне 5,9%“, истакна министерот Бесими.

Амбасадорот, пак, ги поздрави реформите што ги спроведува Владата.

Од двете страни беше истакнато дека во иднина ќе се залагаат за интензивирање на соработката на економски план, за што од големо значење е склучување на Договорот помеѓу двете влади за основање на Француската агенција за развој (ФАР).

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window