Вести|

30 јануари 2021, Скопје – Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, којашто беше придружувана од директорот на УСАИД во земјава, Ерик Јановски.

На средбата беше претставена реформската агенда на Министерството за финанисии, којашто се заснова на економското заздравување, на Програмата за управување со реформите во јавните финансии – ПФМ, либерализацијата и развојот на финансиските пазари и борбата против сивата економија. Притоа, беше презентирана Стратегијата за паметен раст (Smarter Growth) како и столбовите врз коишто темели истата, односно заздравување од ковид-кризата, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инвестиции во човечки капитал.

Од страна на министерот беше посочено дека е направен единствен и сеопфатен план на капитални инвестиции коишто се од стратешко значење на среден рок, како и дека се преземаат мерки во насока на подобрување на реализацијата на истите. Понатаму, тој ја истакна заложбата за фискална консолидација на среден рок, односно постепено намалување на јазот помеѓу приходната и расходната страна во Буџетот, во насока на одржување на стабилноста во јавните финансии.

Воедно разменија мислења за подобрување на економската конкурентност во земјава, преку зголемување на продуктивноста и интеграцијата кон евроатланските и регионалните пазари, за поддршка на зголемување на придонесот на младите во општеството и намалена корупција, како и за договорот за партнерство којшто нашата држава го има со САД.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window