Вести|

9 февруари 2021, Скопје – Мерките од петтиот сет предвидуваат грантови за остварени позитивни економски резултати, финансиска поддршка на извозот, значително зголемен пристап до кредити и ликвидни средства преку фондови – односно низа мерки кои ќе ја поддржат развојната компонента и генерирање на раст, пишува во неговата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува дека новиот сет на мерки, кој наскоро треба да се донесе, е насочен кон ревитализација и развој.

-Петтиот сет на антикризни мерки е создаден врз основа на интенциите да се поттикнат позитивни деловни резултати, да се поддржи извозната активност, да се поддржи пристапот до капитал на фирмите, да се поттикне инвестициската активност, да се подобри конкурентноста, инвестиции во човечки капитал, дигитализација и инвестиции во иновации и развој, односно да се даде поддршка на ревитализацијата и развојот – пишува Бесими.

Тој посочува дека следниот период фокусот ќе биде на три главни цели: задржување на здравјето на граѓаните, социјална сигурност и поддршка на економијата и стопанството. Тој истакнува и дека и фискалната политика е насочена кон овие области, такашто во буџетот за 2021 година се издвоени преку 640 милиони евра за здравство, околу 1,5 милијарди евра за социјална поддршка и над 1,4 милијарди евра за поддршка на економскиот развој.

Бесими наведува дека СМАРТ финансиите се концептот кој ќе даде резултати во ревитализацијата на економијата, преку сеопфатна стратегија и план за реализација, будно следење на резултатите и мерење на нивниот импакт. 

Целиот текст прочитајте го на следниот линк: https://bit.ly/3a2lmYE

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window