Вести|

11 февруари 2021, Скопје – Државата ја емитуваше деветнаесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 11,5 милиони евра, со којашто ќе се обесштетат сите оние со правосилни решенија за денационализација од 1.1.2019 година до 31.12.2019 година, каде што надоместот е утврдено да се врши преку обврзници.

Средствата што се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десет годишни рати со годишна камата од 2%. Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката коишто ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Македонската берза.

Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window