Вести|

26 февруари 2021, Брисел – „Евроинтеграциите ќе обезбедат можности за повисок раст. Ние сме максимално посветени на зацврстување на оваа стратешка определба преку поставување силни темели коишто ќе овозможат реализација на клучните реформи“, истакна министерот за финансии Бесими на средбата во Брисел со заменик-генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски.

На средбата беше истакнато дека земјите од Западен Балкан се стратешки партнер на ЕУ и дека пристапот за проширување мора да се отвори без понатамошно одложување на европскиот пат на земјите од регионот. Членството во НАТО и отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ може да имаат позначително влијание врз инвестициската активност и спроведувањето на структурните реформи.

Во делот на стратешките приоритети, Бесими истакна дека ефикасното користење на  пристапната помош од ЕУ и зајакнувањето на воспоставениот систем за финансиско управување и контрола на средствата од ИПА во насока на прилагодување на системот за управување со структурните фондови, е поставено како приоритетна цел за годинава.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window